Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Истражувачко новинарство за функционална демократија, доделени наградите на ЕУ за истражувачко новинарство

Амбасадорот на Европската унија во земјава, Михалис Рокас, вечерва ги додели наградите на ЕУ за истражувачко новинарство 2024, за стории објавени во претходната година во земјите од Западен Балкан и Турција. 

Првата награда на годинашниот конкурс го доби новинарката Ирена Мулачка од Фокус за сторијата „Скандал Онкологија“, со која се открија злоупотреби со терапиите за онколошките пациенти, втората ја добија новинарите Миомир Серафиновиќ и Снежана Лупевска Созен за сторијата „Семејно стебло Зајас, Соравиа, струја, дипломатија“ од емисијата КОД на Телма телевизија која открива фамилијарни врски и злоупотреби од високи функционери, додека третата им припадна на новинарите Александар Методијев и Сузана Мицева за сторијата „Кревките Шуми“, која истражува нелегална сеча на шуми и институционална негрижа за животната средина.

Мулачка нагласи дека клучен момент во целата приказна биле вработените на Онкологија кои се охрабриле да учествуваат во сторијата и да зборуваат што се случувало таму.

– Искрено се надевам дека малку од малку успеав оваа приказна да помогне на пациентите во Македонија и се надевам дека до крај на годината ќе има правна разврска. Благодарност до редакцијата Фокус, до жирито и до моето семејство“, рече Мулачка.

Серафимовиќ посочи дека истражувачкото новинарство расте и изрази благодарност што Европската унија дава поддршка на истражувачкото новинарство.

– Благодарност до жирито за наградата. Рекоа дека е храброст да се истражува и жирито ја препозна храброста да се истражува едно семејство кое до скоро беше во власта. Истражувачкото новинарство расте, многу ми е мило што ЕУ не се откажува од нас и и ни дава поддршка,  рече Серафиновиќ по примањето на наградата.

Беше предизвик да се отиде на Јабланица, вели новинарката Сузана Мицева, нагласувајќи дека противењето на локалното население да се уништува шумата било мотив за да ја направат целата сторија.

– Чест ми е што сум овде, што ова неверојатно патување кое го имавме со колегите, ја доби втората награда по она од СЕММ и УНЕСКО. Беше предизвик да се отиде на Јабланица, непокорот на локалното население заслужува признание затоа што нивното противење да се уништува шумата не мотивираше да ја направиме сторијата, рече Мицева.

Амбасадорот Рокас во своето воведно обраќање претходно ја истакна посветеноста на Унијата во поддршката на независното новинарство и слободата на медиумите во регионот.

– Новинарството ни треба за да функционира демократијата. Професионалното новинарство ни помага да се справиме со многу предизвици. Социјалните мрежи лесно креираат јавно мислење. Она што е потребно е да се обидеме да асистираме на професијата, да не кажам, да ги достигне ЕУ стандардите, туку да се осигураме  новинарите да можат да работат на истражувања. Ова е можност да се покаже импактот на истражувачкото новинарство кое креира општествени промени и средина во која граѓаните ќе просперираат, рече Рокас. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново