Центарот за граѓански комуникации денеска ги објави истражувањето и базата на податоци за финансиските резултати на локалните јавни претпријатија во земјава.
Истражувањето открива дека загуба оствариле повеќе од половина од локалните јавни претпријатија во земјава, односно 71 од 128-те претпријатија.
Вкупниот износ на загубите изнесува 17 милиони евра, а на првите три места според загубите се скопски, а на третото и четвртото место се битолски јавни претпријатија.
Според истражувањеро на ЦГК во последните години растат и загубите и бројот на претпријатија со загуби, а само првите 10 претпријатија со најголеми загуби, прикажале 77 % од вкупните загуби.
Вкупните долгови на локалните јавни претпријатија, мерени преку нивните краткорочни обврски, изнесуваат 193 милиони евра, додека долговите на 10-те најзадолжени претпријатија се 40 % од вкупните долгови на сите претпријатија.
На дури третина од локалните јавни претпријатија им е блокирана банкарската сметка.
Во локалните јавни претпријатија работат повеќе од 12.000 луѓе, иако бројот на вработени во последните неколку години благо се намалува, се наведува во истражувањето на ЦГК.