Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

ИСВ: Можно е „Вагнер“ повторно да се претвори во закана за Украина

Руската паравоена армија „Вагнер“, која е под контрола на Кремљ, може повторно да стане закана за Украина, се вели во најновата анализа на Американскиот институт за проучување на војната (ИСВ), јави ДПА.

Групата „Вагнер“ ќе претставува закана доколку повторно стане ефикасна воена организација или повторно се воспостави како голема, обединета структура со ефективно централизирано раководство управувано од руското Министерство за одбрана, смета американската организација.

Не така одамна, Институтот соопшти дека групата не претставувала закана по смртта на нејзиниот водач Евгениј Пригожин во авионска несреќа во август, потсети ДПА.

Во моментов не е јасно кој го води „Вагнер“ и каков е точниот статус на групата, но можно е синот на Пригожин Павел да го преземе раководството на дивизиите, наведува Институтот, повикувајќи се на извори блиски до организацијата. Сепак, руското Министерство за одбрана ќе треба да продолжи да и обезбедува оружје, муниција и логистика. 

Зачлени се на нашиот е-билтен