По повод 78-годишнината од основањето на Република Италија, италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска во Рим на споменикот на Олтарот на татковината положи ловоров венец на споменикот на Непознатиот херој.
– Прославата на 78-та година од раѓањето на Република Италија не потсетува на вредностите на нашиот идентитет и на далекувидниот и мудар Устав, рече Матарела и истакна дека независноста и слободата се достигнувања што мора да се бранат секој ден.
Тој истакна дека придонесот на Италија и нејзините вооружени сили за меѓународниот мир и стабилност денес е повреден од кога било, во време кое го обележуваат уништување и агресија врз цивилите во Европа и на Блискиот Исток.