Италијанскиот претседател Серџо Матарела денеска на одбележувањето на Денот на националното обединување на Италија, повика да се стави крај на војните во Украина и на Блискиот Исток, јави италијанската новинска агенција АНСА.
„Ветриштата на независноста и слободата што ја преминаа Европа во изминатите неколку векови, најдоа сигурност на патот на европската интеграција“, рече Матарела.
Денес, посочи тој, се соочуваме со предизвици кои не се разликуваат од оние со кои се соочувавме во минатото.
„Растечката и ужасна ситуација на нестабилност, обележана со сè покрвави агресии како што се оние во Украина и на Блискиот Исток, се заканува да ја вклучи целата меѓународна заедница. Овие војни мора да прекинат за да се врати почитувањето на човековите права и меѓународното право кои го гарантираат животот на секој човек“, додаде Матарела.