Итна евакуција од облакодери и згради во Бангкок: „Се слуша како пукаат ѕидовите“

Неколку згради во Бангкок беа евакуирани во денеска рано наутро поради извештаи за вибрации и пукнатини кои се појавија во зградите, објави Бангкок пост. Исто така, беше објавено дека во ѕидовите се слушнало пукање, што предизвикало паника кај многу жители, како и кај владините службеници кои живеат во одредени згради во строгиот центар на Бангкок.

Евакуацијата започнала околу 10 часот по локално време. Меѓу погодените се зградите на владиниот комплекс на патот Ченг Ватана, Министерството за труд во областа Дин Даенг и судските згради на патот Рачадаписек.

Луѓето беа евакуирани и од седиштето на Државната банка за домување во округот Хуаи Кванг, Кривичниот суд во Рачадафисек и Канцеларијата за социјално осигурување во Дин Даенг.

Зачлени се на нашиот е-билтен