Иванов до Дафина Стојаноска: Возилото на Трендафилов не е службено, туку синдикално, одговорноста е на Синдикатот

Според новинарот, возилото не е службено во државна смисла, туку е синдикално, сопственост на Синдикатот. За неговата употреба и одржување одговорност има Синдикатот, согласно своите внатрешни акти и правила.

Во врска со тврдењата на пратеничката на ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска дека возилото во кое се превезувале децата било службено, новинарот Зоран Иванов, поранешен директор на МИА, на својот фб профил објави дека станува збор за синдикално, а не за службено возило.

Според него возилото не е службено во државна смисла, туку е синдикално, сопственост на Синдикатот. За неговата употреба и одржување одговорност има Синдикатот, согласно своите внатрешни акти и правила.

Во јавноста намерно се создава погрешна перцепција со цел да се дискредитира раководството на ССМ, сметајќи дека сите прашања околу користењето на синдикалните ресурси треба да се разгледуваат во рамки на организацијата и во согласност со законските прописи.

Иванов ги повика и партиите и ТВ уредниците да не манипулираат.

„Синдикално ауто не е “службено” ауто туку е ауто сопственост на сите членови на конкретниот синдикат и тие, синдикалците, нека му го берат гајлето, а “службено” ауто е буџетско ауто и е сопственост на сите граѓани и на сите фирми даночни обврзници вклучително и на членовите на синдикатите!“, напиша Иванов.

Пратеничката Дафина Стојаноска и покрај тоа што објави видео со децата на синдикалниот лидер Слободан Трендафилов, не престанува јавно да се конфронтира. Повторо упати остри критики до претседателот на Сојузот на синдикатите на Македонија, обвинувајќи го за лицемерие и политички притисоци врз парламентарното мнозинство.

Таа го повика Трендафилов дека како јавна личност треба да биде подготвен на секакви видеа и фотографии.

„Сосема е препознатлив речникот на Трендафилов и не би сакала воопшто да наседнувам на неговото сценарио. Видеото јасно го прикажува неговото однесување со службеното возило на ССМ. Не се цел неговите малолетни деца (чии што идентитети се прикриени на самото видео). Целта е да се прикаже на јавноста како овој “волк” изигрува јагне, “бранејќи” ги правата на работниците или во превод: разоткриено е целото лицемерие на “водачот” , вели Стојановска.

Што се однесува до мојата реакција на неговата изјава (закана): Почитувам закони и Устав! Нека се постапи согласно законите и да видиме кој тоа е виновен?!?

Дафина Стојановска се повика и на тоа дека е пратеничка, носителка на листа, и дека зад неа стојат над 21.622 жители од ие 6.

Да наречеш пратеничка (која предводеше листа на последните парламентарни избори која освои 21.622 гласови) монструм, не само што е напад врз жена, туку е напад и врз 21.622 жители на ИЕ 6.

„П. П. С. “Јагнето” Дичо за истите тие избори се фалел дека “вредел” околу 7-8.000 гласа (а, вчера беа само 50 ина на “блокадите”) и дека сите ги убедил да гласаат за ВМРО-ДПМНЕ на ниво на цела Македонија. П. П. П. С. Ако сака да ја продолжи “битката” со мене, го чека ДАФИНА …“, вели Стојаноска.

Претседателот на ССМ, Слободан Трендафилов, реагираше на обвинувањата, оценувајќи ги како обид за дефокус од суштинските прашања поврзани со работничките права. Тој негираше дека упатил закани, посочувајќи дека неговите изјави биле во насока на повикување на институционална одговорност и почитување на законите.

„Ниту сум се заканувал, ниту тоа е мој начин на комуникација. Барам единствено почитување на правата на работниците и на законските процедури. Доколку некој смета дека има основ за постапка, институциите се тие што треба да постапат“, изјави Трендафилов.

Во однос на видеото и споменувањето на неговите деца, тој нагласи дека семејството не треба да биде предмет на јавни и политички пресметки.

„Недозволиво е во политичка или синдикална пресметка да се инволвираат деца, без разлика дали се прикриени или не. Тие не се дел од јавниот живот и не треба да бидат средство за дискредитација“, истакна Трендафилов, додавајќи дека останува фокусиран на синдикалните активности и заштитата на работничките права.

Зачлени се на нашиот е-билтен