Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) медиуми: Албанија под лупата на Фајненшл Тајмс; албанскиот ЦИК не ја регистрира Демократската партија за следните избори; Курти бара поддршка од ЕУ

Фајненшл Тајмс излезе со статија  за актуелните политички  проблеми и последните скандали, со наслов „Дрога, шпиони и камери: Албанија се бори да ги спречи криминалните банди“, пренесуваат албанските медиуми. Продолжуваат контроверзиите со албанската Централна изборна комисија и Демократската партија која не ја регистрираат за локалните избори на 14 мај… Ова се само дел темите од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа, од албанските медиуми во регионот.

АЛБАНИЈА

Балкан Веб – „Дрога, шпиони и камери“, Фајненшл Тајмс: Рама е вмешан во неколку скандали

Фајненшл тајмс“ посвети напис на Албанија и напорите на земјата да ги спречи криминалните банди, но и на политичката ситуација и скандалите во земјата каде е вмешано името на премиерот Еди Рама.“, пренесе Балкан Веб.

Европа е Лире:  ПД не е регистрирана за изборите на 14 мај

„Централната изборна комисија во Албанија одлучи да не ја регистрира Демократската партија за локалните избори на 14 мај.

Причина за ваквата одлука беше некомплетирањето на документацијата што ја бараше Демократската партија на чело со Енкелејд Алибеај како в.д. претседател на овој политички субјект.“, пренесе Европа е Лире  (Слободна Европа на албански јазик).

Арбреш: Препораки на ЕУ за Албанија

Брисел потсетува дека правилното функционирање и независноста на демократските институции се суштински елементи на добро функционална демократија и клучен услов за членство во ЕУ.

„Политичкото опкружување и понатаму се карактеризира со силна поларизација. Сеопфатниот и конструктивен политички дијалог во земјата останува клучен за понатамошен напредок со реформите за интеграција. Мора да се гарантира транспарентност во креирањето политики, вклученост во процесите на консултации и ефективна комуникација во продолжувањето на преговорите“, пренесе албанскиот портал Арбреш.

КОСОВО

Коха: Курти бара поддршка од Европскиот парламент во текот на интегративниот пат во ЕУ

„Косовскиот премиер Албин Курти побара поддршка од Европскиот парламент во текот на интегративниот пат во Европската унија, а ја истакна важноста на поддршката на ЕП за што побрзо справување со апликациите на Косово до европските организации.

Овие коментари Курти ги дал на средба со европратениците од групата на Европската народна партија (ЕПП) во Европскиот парламент, Лукас Мандл од Австрија, Михаел Галер, Рајнер Виланд и Никлас Хербст од Германија, Карло Реслер од Хрватска, Франк Боговиќ од Словенија, Владимир Билчик од Словачка.“, пренесе Коха.

Бота Сот: За два месеци Косово го напуштиле 52 лекари

„Ниските плати, условите за работа и недостатокот на специјализација се главни фактори за бегството на здравствените работници од земјава.

Алармантни бројки бележат бегството на лекарите и досега годинава. Во 2023 година 52 лекари ги напуштиле своите работни места за да заминат во странство.“, пренесе  Бота Сот.

КОЛУМНА

Економиа Онлајн -Права на малцинствата во Србија: Правна рамка за основање здруженија

„Предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија, доколку биде потпишан на 18 март, ќе биде добра основа за Албанците во Србија да создадат асоцијација на општини со албанско мнозинство или слични верзии. Во членот 5 од нацртот се вели дека: „Ниту една страна нема да го блокира, ниту да ги охрабрува другите да го блокираат напредокот на другата страна на нивниот пат кон ЕУ, врз основа на нивните заслуги. Двете страни ќе ги почитуваат вредностите споменати во членовите 2 и 21 од Договорот за Европската унија (ДЕУ).“, извадок од анализата „Права на малцинствата во Србија: Правна рамка за основање здруженија“, од авторот Гуракуч Кучи, објавена во Економиа Онлајн.

Д. Тахири

Зачлени се на нашиот е-билтен