Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Дерипаска „тендерисувал“ во Албанија, повеќето од условите на Курти за Заедницата се прифатливи

Рускиот олигарх Олег Дерипаска и тендерите во Албанија како нитка во аферата „Мекгонигал“, формирањето на Заедницата на српски општини во Косово се дел од темите во изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

БАЛКАНВЕБ: Рускиот олигарх Дерипаска имал тендери во Албконтрол

„Дерипаска има 6 фирми, тој е стратешки инвеститор во Албанија и вистината е дека има многу можности, и не во една, којашто е јавна, туку и во друга што е скриена, Дерипаска имаше тендери во Албконтрол со госпоѓата Балуку.

Тоа што се случи е дека Дерипаска, кој беше санкциониран од САД во 2018 година, ја продолжи својата економска активност во рај до 2022 година. Дали се сретнал со Еди Рама или не, не можам да кажам. Дали Дерипаска ги плати тие 225 илјади долари или ги плати Еди Рама, не можам да кажам, сите тие се истраги од американските институции за спроведување на законот“, рече Бериша.“, пренесе БалканВеб.

РАДИО СЛОБОДНА ЕВРОПА: Дали Курти ги смени ставовите за Заедницата?

„Условите што ги постави премиерот на Косово, Албин Курти, за формирање на Заедницата на општини со мнозинско српско население се релативно прифатливи, освен еден што може да биде попроблематичен, сметаат познавачите на политичките прашања на Косово, Агон Малиќи и Артан Мухаџири.“, пишува во анализата на Радио Слободна Европа на албански јазик.

ЖУРНАЛ – Халили: Бугарите можат да прават свадби секој ден, но пред меѓународната заедница тоа е друг муабет!

Не е првпат Бугарија да донесе декларација за осуда на Македонија вели Мухамед Халили, претседател на советот на амбасадори, а вчера бугарскиот парламент го осуди насилството врз македонските Бугари во Македонија. Според Халили, дома секој може да прави што сака, додека војната мора да се добие пред ЕУ, пренесува Журнал.

СУРИ НЕТ: Ѓорѓе Мартиновиќ како дух во Собранието на Србија

„Денеска на крајот на денот, по речиси 11 часа политички циркус, во Собранието на Република Србија збор зеде Снежана Пауновиќ, пратеничка на Социјалистичката партија на Србија (СПС). Ова е партијата на Слободан Милошевиќ. Снежана П. е од Пеќ, родена во овој град во 1975 година.

Зборуваше и зборуваше, лажеше и лажеше, ги броеше (според неа) „страдањата“ на Србите на Косово од Втората светска војна наваму и – во една прилика – како пример за големите „страдања“ на српското малцинство. таа го спомна „случајот Ѓорѓе Мартиновиќ“. Сега треба објаснување за помладите генерации Косовари“извадок од колумната „Ѓорѓе Мартиновиќ како дух во Собранието на Србија“, од Енвер Робели, објавена во Сури Нет.

БОТА СОТ: Голем притисок врз Косово за француско-германскиот план

„Со потпишувањето на предавството- на Заедницата на општини со српско мнозинство на Косово, во 2013 и 2015 година, доброволно со меѓународни молив-документи, потпишаа, Белград да стане надзорен акционер на големите земјишни и подземни имоти на Косово!“, извадок од анализата „Голем притисок врз Косово за француско-германскиот план“, од Џафер Леци, објавена во косовскиот дневник Бота Сот.

Д. Тахири

(Извор: ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен