Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Досието на Мекгонигал за Албанија е посериозно од врската со Дерипаска, 50 милиони долари поддршка за сајбер безбедноста во Албанија

Покрај известувањата за катастрофалните земјотреси во Турција и Сирија, во албанските медиуми од регионот во последните дваесет и четири часа преовладуваат содржини со уште поголем интензитет во врска со аферата „Мекгонигал“, како и веста за 50 милиони долари поддршка од САД за сајбер одбрана во Албанија. Во прилог е изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот со уште неколку други теми.

ШЕКУЛИ: Активноста на Мекгонигал во Албанија, посериозна од врската со Дерипаска

„Досието „Мекгонигал“ се состои од две прашања. Првото е за неговите  услуги кон рускиот олигарх Олег Дерипаска, второто за патувањата и средбите во Албанија, Косово, Босна итн.

Досието за Дерипаска доби најголемо внимание во американските медиуми, но поранешен агент на ФБИ за Си-Ен-Ен изјави дека досието за Албанија е уште посериозно. Бидејќи во случајот со Албанија, ФБИ беше искористено од странски интереси за истрага на американски државјанин, како што е лобистот Ник Музин.“, пренесува албанскиот медиум Шекули.

ФАКС ВЕБ: САД со 50 милиони долари поддршка за сајбер одбрана на Албанија

„50 милиони долари поддршка за сајбер одбрана. Ќе го зајакнеме овој сектор, ова е почеток на помошта и ова не е целосниот износ.  Нападите допрва  ќе бидат закана, нема да исчезнат, нема магичен прав да ги снема.“, изјави американската амбасадорка во Албанија , Јури Ким, пренесе албанскиот медиум Факс Веб.

АЛБЕУ: Спасувачката екипа од Албанија пристигнува во Турција

„Екипата за пребарување и спасување и здравствена помош испратена од албанската држава пристигна во Турција.  Веста за доаѓањето на албанскиот тим во Турција ја соопшти премиерот Еди Рама, којпреку објава на Фејсбук ја објави фотографијата неколку минути пред да се симне на терен и да почне со работа.“, пренесе албанскиот медиум Албеу.

ДУКАЃИНИ: Владата на Косово го одобри барањето на Турција, испраќа контингент на КБС во регионите погодени од земјотресот

„Владата на Република Косово преку електронска седница ја одобри одлуката за испраќање на контингентот на КБС (Косовски безбедносни сили), според барањето на Министерството за одбрана на Република Турција, за хуманитарна помош во регионите погодени од земјотресот во Турција“, се наведува во соопштението на Владата на Косово до медиумите, пренесе  косовскиот медиум Дукаѓини.

СУРИ НЕТ: О Лајчак, Косово не може да прифати да стане Чехословачка од 1938 година

„Се сеќавате ли на 30 септември 1938 година, кога Адолф Хитлер, Бенито Мусолини, францускиот премиер Едуар Даладиер и британскиот премиер Чемберлен го потпишаа „Минхенскиот пакт“, договор со кој се запечати судбината на Чехословачка, основање и предавање на „Германската асоцијација“ во Чехословачка на Германија. Треба да се подвлече дека и оваа „едноетничка Заедница“ се прави  во „име на миротворството“.“, извадок од колумната „О Лајчак, Косово не може да прифати да стане Чехословачка од 1938 година“, од авторот Гезим Мекули, објавена во косовскиот дневник Сури Нет.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Најново