Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Избор помеѓу нарко картели и парламентарна република; Бериша на суд за клевета; бројот на Албанци во Русија и Украина е непознат

Еден од најважните истражувачки институти не само на Балканот, туку и во светот, објави анализа за локалните избори во Албанија. Од опсежната анализа „Локални избори во Албанија 2023: Избор помеѓу нарко картели и/или парламентарна република?“,  албанските медиуми ги издвоија  најважните и најинтересни делови. Градоначалникот на Тирана, Ерион Велиај го тужеше Сали Бериша за клевета, односно за  изјавата  дека Велиај ги пере парите на иранската Револуционерна гарда.

Ова е само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги издвои од албанските медиуми во регионот, за денешното издание на АЛ-ПРЕС.

АЛБАНИЈА

Сури – Анализа на ИФИМЕС: Албанците ќе избираат меѓу нарко картели или парламентарна република

„Кога Еди Рама ја започна полициската акција за уништување на селото Лазарат, кое беше центар на нарко бизнисот, се очекуваше конечно соочување со нарко бизнисот. Потоа се покажа дека овој бизнис е ставен под контрола на самиот Еди Рама и наместо понатамошни реформи, развој и демократизација на државата, тој започна процес на „канабизација на Албанија“. Значителен дел од обработливото земјиште е под канабис и овој бизнис е во рацете на политичко-криминалните структури. За време на премиерството на Еди Рама, Албанија се претвори во криминален рај за криминалци од Европа, Азија, Северна и Јужна Америка. Олеснителна околност за криминалните структури е безвизниот режим што Албанија го има со земјите-членки на ЕУ, што им овозможува на криминалците слободно движење и бизнис и огромни профити во трговијата со дрога и луѓе.“, пишува меѓу другото во анализата од ИФИМЕС, пренесе албанскиот медиум Сури.

АБЦ: Велиај поднесе тужба против Бериша, денес почнува судскиот процес во ССКО

Првиот човек на општина Тирана, Ерион Велиај го тужеше Сали Бериша за клевета. Градоначалникот денеска се појави во просториите на Специјалниот основен суд за корупција и организиран криминал), каде ќе се одржи првата седница од судскиот процес против првиот човек на Форумот.

Тужбата е за обвинувањата на поранешниот премиер изминатите денови за инсинераторот во Тирана и неговите таканаречени врски со Иран. Бериша пред неколку дена изјави дека Велиај ги пере парите на иранската Револуционерна гарда. За овие пријави поднесе кривична пријава до Специјалниот суд за корупција и организиран криминал, пренесе АБЦ.

Газета Експрес – Историски момент: Во Њујорк ќе се именува првата улица по Исмаил Ќемали

„Градот Њујорк одлучи да му оддаде почит на еден од истакнатите херои на Албанија со именување на улица по него. Улицата, која е првпат да го носи името на албански херој во овој голем американски град, ќе го носи името на Исмаил Ќемали, главната фигура на албанската независност и првиот претседател на независната албанска држава.“, пренесе Газета Експрес.

КОСОВО

РТК – Лајчак: Нацртот статутот  за Заедницата е  важна почетна точка за дискусија

„Заедницата на општини со српско мнозинство и прашањето за исчезнатите беа тема на разговорот што емисарот на ЕУ за дијалог, Мирослав Лајчак, го одржа со швајцарската дипломатка Ливија Леу. Во објава на Фејсбук, Лајчак вели дека нацртот што го претстави менаџерскиот тим за здружението е важна почетна точка за идните дискусии.“, пренесе РТК.

Перископи – Фајненшл Тајмс: Зошто на Западот му е тешко да го заврши спорот меѓу Косово и Србија?

„Помладата генерација е лута на западните сили, вели Александар Арсенијевиќ, локален политичар во етнички поделениот град Митровица.

„Тие не ги слушаат потребите на Србите. Ова не е вистинско време за вакви избори. Сега нема демократија. Системот е расипан. Ако сакаат да учествуваат во демократијата, на граѓаните прво им е потребна финансиска стабилност“, изјави Арсенијевиќ, еден од  интервјуираните за Фајненшл Тајмс, пренесува Перископи.

КОЛУМНА

Опен ТВ: Зошто е непознат точниот број на Албанци во Русија и Украина?

„Бројот на Албанците во Русија и Украина, вклучувајќи ги и оние кои веќе се асимилирани, но го знаат и го чуваат своето потекло скриено, е исклучително голем, што опфаќа цели региони и градови, а не само некои села, како што мислат некои истражувачи, сегашните сили.

Еден дел од Албанците кои порано живееле во источниот и северниот дел на Бугарија се преселиле во земјите на Руската империја, но успеале да го зачуваат својот јазик и култура во денешна Украина.“, пишува авторот Абдула Мехмети во колумната „Зошто е непознат точниот број на Албанци во Русија и Украина?“, објавена во Опен ТВ.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен