Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Опозицијата бара интерпелација на Рама, Албанците платиле над 43 милиони евра за влез со сплав во Велика Британија, Курти и порача на Србија прво да направат Заедница дома

Парламент на Албанија

Во Албанија не стивнува интересот за аферата „Мекгонигал“ и евентуалната поврзаност со Рама, како и мигрантите кои со сплавови влегуваат во Британија а притоа плаќаат големи суми. Ова е само дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

 ТОП ЧАНЕЛ: Опозицијата бара интерпелација на Рама, Бериша 10 дена  исклучен од Собрание

„Шефот на групата на ДП, Енкелејд Алибеај ќе побара интерпелација на шефот на Владата Еди Рама  на денешната пленарна седница во албанското Собрание.

Групата на Сали Бериша до Собранието доставила барање за предлог со расправа без временско ограничување за расправа за прашањето на Мекгонигал. Останува да видиме дали Собранието нивното барање ќе го стави на дневен ред.

Во барањето на групата за возобновување, се забележува дека недостига потписот на Сали Бериша,  а тој е исклучен од Собранието на 10 дена по случувањата на пленарната седница пред една недела.“, пренесува албанскиот медиум Топ Чанел.

ПАНОРАМА: Албанците платиле над 43 милиони евра на трговците со луѓе за да влезат со сплав во Британија во периодот јануари-септември

„Нелегалната емиграциска мрежа од Албанија во Велика Британија сè повеќе ја исцрпува земјата од човечки капитал, но дополнително емигрантите земаат за себе големи суми пари, од кои повеќето одат за плаќање на трговците со луѓе.

Британските медиуми и официјалната имиграциска статистика покажуваат дека во 9 месец и од 2022 година, јануари-септември, повеќе од 13 илјади Албанци побарале азил во Британија, каде 11 илјади од нив влегле со сплавови.

Просечната исплата за премин е  3 до 4 илјади фунти по лице, во зависност од деновите.“, пренесува албанскиот дневник Панорама.

ЗЕРИ -Курти: Ако Србија сака едно -национални избори, нека ги направи најпрво дома“

„Ние не можеме да и надоместиме на Србија за изгубената војна во пролетта 1999 година, но таа мора да ни ја надомести штетата што ни ја нанесе и во однос на луѓето и на материјалните добра“, рече тој. Ако Србија ги сака овие едно-национални избори на Косово, нека се обиде најпрво  дома, рече Курти.“, пренесе косовскиот дневник Зери.

ТЕЛЕГРАФИ: Грција го финансира автопатот со Албанија по речиси 20 години дискусии

„Грчкото Министерство за инфраструктура и транспорт во средата го објави тендерот за патната оска „Јанина – Калпаќ – Какавија“, со буџет од околу 320 милиони долари.“, пренесе Телеграфи.

ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: 16 години од предлогот на планот на Ахтисари

„На 2 февруари 2007 година, специјалниот пратеник за статусот на Косово, Марти Ахтисари, го поднесе својот предлог до Приштина и Белград.

Ова беше и иницијатива за создавање на независна држава Косово.“, пренесува косовскиот дневник Газета Експрес.

Д. Тахири

Извор: ЦивилМедиа

Најново