Во Албанија продолжуваат протестите на опозицијата, а полицијата презема дополнителни безбедносни мерки околу албанското собрание. Американската амбасада ги предупреди своите граѓани во Тирана преку соопштение, во однос на безбедноста за време на протестите, а досието Мекгонигал се проширува со нови детали. Ова се дел од темите од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.
ТОП ЧАНЕЛ: Опозицијата повторно најави протести, блиндирана зградата на Собранието
„Во исто време со пленарната седница денеска во 17 часот се очекува да започне и протестот на опозицијата кој го повика поранешниот премиер Сали Бериша.
Додека социјалистите ќе бидат внатре на пленарната седница, демократите кои го поддржуваат Сали Бериша ќе бидат надвор на протести“, пренесе албанскиот медиум Топ Чанел.
БАЛКАН ВЕБ- Опозициски протести: Американската амбасада во Албанија ги предупредува американските граѓани во Тирана
„Американската амбасада во Албанија дистрибуираше порака до американските граѓани во Тирана за протестот што го свика опозицијата што ќе се одржи неколку часа подоцна.
Амбасадата објави податоци за локацијата на протестот, патиштата кои ќе бидат блокирани, распоредот и контактите за помош во случај на инцидент.“, пренесе БалканВеб.
ПАНОРАМА: По Мекгонигал, други поранешни агенти на ФБИ дошле во Албанија
„Според американските медиуми, Мекгонигал заедно со Агрон Неза купиле 25 отсто од акциите во една адвокатска канцеларија во земјава.
Оваа адвокатска канцеларија беше во ко-сопственост на друг поранешен агент на ФБИ, Марк Росини, кој беше прогласен за виновен во 2007 година за упад во досиејата на ФБИ и добивање информации за сметката на неговата поранешна девојка.“, пренесува албанскиот дневник Панорама.
БОТА СОТ – Курти: Нема гаранција дека и по признавањето Србија нема да продолжи со деструктивност
„Мора да ја зајакнеме нашата држава и покрај деструктивниот однос на Србија. Нема гаранција дека и по меѓусебното признавање Србија ќе продолжи да биде деструктивна кон нас. Тоа значи дека мора да изградиме државен имунитет против деструктивноста на официјален Белград“, рече меѓу другото косовскиот премиер Курти за време на вчерашната седница на Собранието на која се расправаше за дијалогот помеѓу Косово и Србија.“, пренесе косовскиот дневник Бота Сот.
ГАЗЕТА ЕКСПРЕС: ЕУ апелира до Србија и Косово: Ние не сме „страна“, туку сме олеснувачи, веднаш спроведете го енергетскиот договор
„Европската унија ги повика Косово и Србија веднаш да започнат со спроведување на договорот за електрична енергија, постигнат во јуни минатата година. Портпаролот на ЕУ, Петер Стано, за РТВ21 изјави дека одговорноста за спроведување на договорот е на двете страни и дека ЕУ не е страна во дијалогот, туку ги олеснува договорите, вклучително и енергетскиот патоказ.“, пренесе косовскиот дневник Газета Експрес.
ЕПОКА Е РЕ: Трите албански политички струи во Косово по Втората светска војна и лекциите што можеме да ги научиме од нив
„Напорите за политичко-културно напредување и ослободување на Косово (по Втората светска војна) главно се карактеризираат со влијанието на три политички струи: револуционери, институционалисти и академици. Оваа типолошка поделба не значи дека овие три политички струи немале други карактеристики што ги разликуваат.“, извадок од колумната „Трите албански политички струи во Косово по Втората светска војна и лекциите што можеме да ги научиме од нив“ од авторот Фатмир Лекај, објавена во косовскиот медиум Епока е Ре.
Д. Тахири (ЦивилМедиа)