Големата експлозија во фабрика за демонтирање муниција во Грдец, во близина на Тирана, што се случи пред 15 години и во која животот го загубија 26 лица, меѓу кои и деца, е повторно во фокусот на албанските медиуми, односно, судењето на поранешниот министер за Одбрана, Фатмир Медиу за злоупотреба на службената должност, а албанското собрание исклучи 8 пратеници од Демократската Партија на 10 дена. Ова се само дел од темите што редакцијата на ЦИВИЛ Медиа ги избра за денешното издание на АЛ-ПРЕС.
БАЛКАН ВЕБ: Експлозијата во Грдец пред 15 години: На поранешниот министер за одбрана му се суди, Обвинителството истражува и трговија со муниција
„Во Албанија, Специјалното обвинителство денеска соопшти дека го извело на суд случајот на поранешниот министер за одбрана Фатмир Медиу, за експлозијата што се случи во Грдец пред 15 години, притоа соопштувајќи дека е регистрирано уште едно кривично дело, со сомнение за „Корупција“ и „Перење пари“ во случајот со тогашните постапки што ги следеше Министерството за одбрана за продажба на муниција на две странски компании. Но, во случајот се уште нема обвинети.“, пренесува албанскиот медиум Балкан Веб.
ТВ КЛАН: 8 пратеници од ДП се исклучени на 10 дена
„Комисијата за гласање и етика на 10 дена ги исклучи од работата на Собранието и пленарните седници во понеделник и четврток 8-те пратеници од опозицијата Лучијано Бочи, Албана Вокши, Ервин Салијањи, Газмент Барди, Луан Бачи, Ина Жупа, Тритан Шеху и Бледион Налбати.“, пренесе албанскиот медиум ТВ КЛАН.
КОХА: Косово е главна тема на европско-американската агенда
„Очекуваниот договор меѓу Косово и Србија во четврток ќе биде на дневен ред на дискусиите на шефовите на држави на Европската унија и законодавците на Европскиот парламент, додека денеска ќе се разговара и за Заедницата на општините со српско мнозинство. во резиденцијата на амбасадорот на Соединетите Американски Држави во Косово, Џефри Ховениер.“, пренесува косовскиот дневник КОХА.
ЈАВА ЊУЗ: Зошто вреди повторното отворање на досието на Грдец од страна на правдата?
„Одењето пред Судот е сериозен исчекор во креирањето на стандардот на казнување и воспоставувањето правда за една болна и трагична приказна, предизвикана од државната корупција и заробувањето на државата од семејството на премиерот.
Но, зошто правичното судење за Грдец е од извонредно значење за Албанија?
Петнаесет години по трагедијата, сега ги знаеме последиците од неказнивоста. Ако ги анализирате, јасно се разбира дека неказнивоста на сторителите на трагедијата во Грдец произведе своевидна трагедија не само за жртвите од Грдец, туку и за албанската политика и правда.“, извадок од колумната „Зошто вреди повторното отворање на досието на Грдец од страна на правдата?“, од Меро Базе, објавена во албанскиот дневник ЈАВА ЊУЗ.
БОТА СОТ – Страшно: Ако се случи земјотресот на Косово, куќите се без никакви критериуми, голема трагедија
„Последниот земјотрес во Турција и Сирија со фатални последици, во потрага по жртви и преживеани се уште во урнатини го шокираше светот. Тежок настан, трагедија за целото човештво. Поаѓајќи од ова, помислив на високите згради во Косово, изградени без никакви критериуми и кои може да бидат фатални за оние што живеат таму во случај на земјотрес.“, извадок од колумната „Страшно: Ако се случи земјотресот на Косово, куќите се без никакви критериуми, голема трагедија“, од Фатон Мехмети, објавена во косовскиот дневник БОТА СОТ.
Д. Тахири (ЦивилМедиа)