Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Скандалот Мекгонигал го тресе американскиот Конгрес; средба Курти – Вучиќ денеска во Брисел; нови шанси за Западен Балкан

Скандалот со Чарлс Мекгонигал, кој беше началник на единицата за контраразузнавање на ФБИ во Њујорк, предизвика „војна“ помеѓу американскиот Конгрес и владата, а според престижниот медиум Блумберг, постои реална можност да биде разрешен шефот на Министерството за правда. Во Брисел денеска е најавена средба помеѓу косовскиот премиер Албин Курти и српскиот претседател Александар Вучиќ, на која, според медиумите, се очекува почеток на разрешницата за договор помеѓу двете земји.

Ова се само дел од темите, од денешниот избор на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

СУРИ – Блумберг: Шефот на Министерството за правда на САД може да биде разрешен (афера Мекгонигал)

„Скандалот Рама-Мекгонигал ја тресе американската политика.

Големиот американски медиум Блумберг, пишува дека ова прашање предизвикало жестока војна меѓу американскиот Конгрес и владата.

Предводник на битката од Конгресот е републиканскиот конгресмен Џим Џордан, претседател на Комитетот за правосудство на Претставничкиот дом.

Од другата страна е Мерик Гарланд, шеф на Министерството за правда и државен обвинител на САД.“, пренесе албанскиот дневник Сури.

ПРЕСОНЛАЈН: Средба Курти – Вучиќ денеска во Брисел

„Косовскиот премиер Албин Курти и претседателот на Србија Александар Вучиќ во понеделник попладне во Брисел ќе се сретнат во рамки на дијалогот за нормализација на односите, со посредство на Европската Унија.

Првично, главниот дипломат на ЕУ, Жозеп Борел, ќе има одвоени средби со двајцата лидери, придружуван од специјалниот пратеник на европскиот блок за овој процес, Мирослав Лајчак.

Подоцна ќе има заедничка средба помеѓу Курти и Вучиќ.“, јавува косовскиот дневник Пресонлајн.

ДВ – Мануел Саразин: Нови шанси за Западен Балкан

Експертот за Југоисточна Европа Мануел Саразин, специјален пратеник на германската влада за Западен Балкан, го гледа претставениот план како шанса за двете земји. „Европскиот предлог заснован на германската и француската иницијатива може да реши голем дел од проблемите меѓу двете земји. Ќе го отвори патот за регионална интеграција во ЕУ“, вели Саразин, пренесе ДВ.

КОХА -Стејт Департмент: Предлогот од ЕУ, можност за народот на Косово и Србија

„Американскиот Стејт Департмент во понеделникот за Радио Слободна Европа изјави дека предлогот на Европската унија за нормализација на односите меѓу Косово и Србија претставува можност за народите на двете земји да ја зголемат безбедноста и стабилноста на Западен Балкан.“, пренесе косовскиот дневник Коха.

ТЕЛЕГРАФИ: Албанија со највисока цена на нафтата во светот

„Албанија  е земја со највисока цена во светот не само за нафтата туку и за бензинот, според истражување  истражување  од Reddit (американска веб-страница за собирање социјални вести, рејтинг на содржина и дискусија), во кое се вели  дека Албанија води во целиот свет со 26,59 проценти.“, пренесе албанскиот медиум Телеграфи.

КОХА: Разликата меѓу цивилизираните општества и Србија која ги возвишува воените злосторници

„Властите во Љубљана и Загреб поправаат некои грешки кои беа направени за време на српската агресија во 90-тите. Во Србија, пак, не е дозволено да се постави ниту комеморативна плоча за речиси 800 трупови на Албанци фрлени во масовна гробница во Батајница кај Белград. Тука лежи разликата меѓу цивилизираните општества и српското општество кое продолжува да ги негира злосторствата.“, извадок од колумната „ Разликата меѓу цивилизираните општества и Србија која ги возвишува воените злосторници“, од  авторот Енвер Робели, објавено во косовскиот дневник Коха.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен