Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

(ИЗБОР) Албански медиуми: Водачите на ОВК ќе се соочат со 312 сведоци

Во специјализираното обвинителство во Хаг, на судењето на водачите на ОВК ќе бидат повикани 312 сведоци, за поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, потпишувањето на француско-германскиот план е за членството на Косово во ЕУ. Албанскиот автор Акил Краја во колумна го споредува Еди Рама со Мануел Нориега. Ова е дел од изборот на редакцијата на ЦИВИЛ Медиа од албанските медиуми во регионот.

НАЦИОНАЛЕ: Водачите на ОВК ќе се соочат со 312 сведоци
„Од Специјализираното обвинителство соопштија дека во моментов планираат да повикаат 312 сведоци.

Имаме 188 сведоци поврзани со злосторствата. Структурата на ОВК? 110 сведоци. За постапките и однесувањето на обвинетите 63. Ако се соберат овие бројки, тие се повеќе од 312, некои сведоштва може да се повторуваат. Тоа се категориите“, велат од Специјализираното обвинителство.“, пренесе косовскиот дневник Национале.

ИНСАЈДЕРИ -Тадиќ: Потпишувањето на француско-германскиот план е фактички за членството на Косово во ОН
„Не можете од една страна да кажете дека ќе го спречите членството на Косово во Обединетите нации, а од друга страна да потпишете таков договор“, изјави поранешниот претседател на Србија, Борис Тадиќ, во врска со европскиот план за нормализација на односите. план за кој актуелниот претседател на Србија, Александар Вучиќ вели дека го прифатил, но дека не се согласува да дозволи членство на Косово во ОН, пренесува косовскиот медиум Инсајдери.

ЛЕЅО: Полицијата го заклопи влезот во Собранието, околу 1100 полицајци на готовност
„Околу 1.100 полицајци ќе бидат подготвени за протестот на опозицијата денеска пред Собранието. Целиот периметар на зградата на пленарните седници ќе биде опкружен со сини униформи, додека на целиот простор се зголемени безбедносните мерки“, пренесе албанскиот дневник Леѕо.

ПАНОРАМА: Опозициските протести ќе продолжат, ќе бидат силни и незапирливи
„Протестите ќе продолжат, ќе бидат долги, но нема да бидат насилни, туку силни и незапирливи додека Рама не биде принуден да си замине“, изјави пратеникот од Демократската партија, Луан Бачи.

„Имаме избори на 14 мај, а ПД е единствената партија која не се пријавила во ЦИК бидејќи е во заложништво со судска одлука. Имаме 61 општина со 61 именуван градоначалник, значи имаме монистичка моќ во локалната власт. И сега сакаат да не дозволат ПД да се регистрира“, додава Бачи, пренесува албанскиот дневник Панорама.

ТВ 21: Гаши со остри критики за политичкиот морал на поранешните партнери
„Се плашам дека со оваа постапката на СДСМ и ова ново мнозинство, мислам дека европската иднина е во голема мера загрозена и сметам дека е тешко да се дојде до ситуација да се гласа за уставни измени, но доколку има таква иницијатива 3-те гласа на Алтернатива секогаш ќе работат за доброто на граѓаните“, потврди Африм Гаши, претседател на „Алтернатива“, пренесе ТВ 21.

ПАНОРАМА: Пред американската правда, крајот на Еди Рама се чини како крајот на Мануел Нориега
„Нориега им помогна на САД како посредник во тешките односи со Куба на Кастро или Никарагва на сандинистите, а истото се пропагира и за односите на Рама со Србија на Вучиќ или Турција на Ердоган. И во двата случаи, и Панама и Албанија се територии со високи геостратешки интереси за западниот свет.“, пишува меѓу другото авторот Акил Краја во колумната „Пред американската правда, крајот на Еди Рама се чини како крајот на Мануел Нориега“, објавена во албанскиот дневник Панорама.

Д. Тахири (ЦивилМедиа)

Зачлени се на нашиот е-билтен