Изборен молк и каде ќе се гласа во Недела?

Изборниот молк пред вториот круг од локалните избори. Во недела, 2 ноември, гласањето ќе се одржи во 32 општини и Град Скопје . Денес (сабота) гласаат прифатените категории (болни и изнемоштени, затвореници, лица во домашен притвор).

Каде се гласа во втор круг (2 ноември)?

Град Скопје; Аеродром, Боговиње, Брвеница, Валандово, Виница, Дебар, Дебарца, Демир Капија, Дојран, Зрновци, Карпош, Кичево, Конче, Кочани, Крушево, Куманово, Лозово, Македонска Каменица, Македонски Брод, Могила, Неготино, Пробиштип, Ранковце, Росоман, Струга, Студеничани, Тетово, Чешиново-Облешево, Чучер-Сандево, Шуто Оризари, Центар. (Алфабетски редослед)

Општини без гласање в недела (повторување на постапката поради цензус)

Гостивар, Врапчиште, Центар Жупа и Маврово и Ростуше – таму ќе има нова изборна постапка за градоначалник во рок до 60 дена од објавата на конечните резултати.

Редакцијата на Рацин.мк ви посакува прекрасен викенд и убав саботен ден!

Зачлени се на нашиот е-билтен