Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изборен пораз на владината коалиција на Шолц, победник е опозициската ЦДУ/ЦСУ, десничарската АфД е втора политичка сила во Германија

 Коалицијата на германскиот канцелар Олаф Шолц доживеа пораз на изборите за Европскиот парламент. Социјалдемократите (СПД) на Шолц забележаа најлош изборен резултат досега – 14%, а послаби резултати имаат и коалициските партнери Зелените со 12-12,5% поддршка, и Либералите со само 5% освоени гласови. 

Излезните анкети во Германија покажуваат дека опозицискиот централно-десничарскиот блок ЦДУ/ЦСУ има убедливо водство на изборите за Европскиот парламент, а екстремно десничарската Алтернатива за Германија (АфД) е на второто место, јави ДПА.

Според анкетите на јавните радиодифузери ЗДФ и АРД, објавени веднаш по затворањето на гласачките места во Германија, блокот ЦДУ/ЦСУ освоил меѓу 29,5% и 30%,  АфД меѓу 16% и 16,5% од гласовите. 

Новооснованата популистичка партија Алијанса на Сара Вагенкнехт (БСВ) освоила околу 6% од гласовите.

Со 84,4 милиони жители, Германија е најголемата членка на Европската унија, а нејзините 65 милиони гласачи избираат 96 пратеници во 720 члениот Европскиот парламент.

Зачлени се на нашиот е-билтен