Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изборите треба да покажат дали Каталонија ги задржува или им врти грб на сепаратистичките аспирации

 Во шпанскиот регион Каталонија денеска се одржуваат избори за 135 членови на регионалниот парламент. Право на глас имаат 5,75 милиони каталонци, а изборните резулати ќе покажат дали Каталонија ги задржува или им врт грб на сепаратистичките аспирации.

Социјалистичката партија на шпанскиот премиер Педро Санчез се надева дека изборите ќе покажат оти Каталонија сака да остане дел од Шпанија, по неуспешниот обид за отцепување во 2017 година предводен од оранешниот сепаратистички лидер Карлес Пуџдемон. 

По гласањето, социјалистичкиот кандидат Салвадор Ила (Ила), поранешен министер за здравство за време на пандемијата на корона вирусот, изрази уверување дека неговата партија „ќе отвори нова одлучувачка фаза во Каталонија“.

На изборите учествува и Пуџдемон, кој од 2017 година живее во егзил. Тој ја напушти Шпанија откако беше распишана потерница за негово апсење поради организирање на нелегален референдум за отцепување на Каталонија во 2017 година.

Дури откако левичарската влада на премиерот Педро Санчез го усвои контроверзниот закон за амнестија на сапратистичките политичари, меѓу кои и Пуџдемон, нему му беше дозволено да учествува на изборите.

Според предизборните анкети, се очекува најмногу гласови да освојат социјалистите предовдени од Иља, пред Пуџдемон и неговата партија Заедно за Каталонија, и актуелниот каталонски премиер Пере Арагонес и неговата Републиканска левица на Каталонија.

Последните анкети покажуваат дека сега 50 отсто од Каталонците се против независноста, додека 42 отсто ја поддржуваат. Во времето кога Пуџдемон во 2017 година, 49 отсто од граѓаните беа за независност, а 43 отсто против.

Зачлени се на нашиот е-билтен