Изборниот процес во Охрид и Дебрца се одвива непречено на сите избирачки места

Во Охрид и Дебрца навреме се отворени сите избирачки места

Изјаснувањето на граѓаните на Локалните избори во општините Охрид и Дебрца започна навреме и гласачкиот процес се идвива непречено.

Сите избирачки места се отворени навреме, освен на едно каде поради технички причини гласањето почна со половина час задоцнување. Од ОИК посочија дека на тоа избирачки место нема да има продолжување на гласањето односно дека и таму гласањето ќе биде заокружено во предвидениот термин до 19 часот.

Вкупно евидентирани во избирачкиот список во Општина Охрид се 52580 граѓани со право на глас, кои своето граѓанско право ќе можат да го остварат на 87 избирачки места, со извесни промени на неколку места.

Гласањето на Локалните избори навремено почна и во Општина Дебрца, каде од 7 часот се гласа на сите 22 избирачки места. Во избирачкиот список во Дебрца се запишани 3903 лица. Промена на локација на гласањето има само на едно место поточно гласачкото место 1318, кое од Црвена вода е преместено во гласачкото место 1315 во Ново Село.

Што се однесува на гласањето во домашни услови, во Охрид во текот на вчерашниот ден од пријавени 230 гласале 214 лица, додека во Дебрца од 38 гласале 37 болни и изнемоштени лица.

Зачлени се на нашиот е-билтен