Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изгорел изборен материјал од изминатите изборни процеси во пожарот во општина Тетово

Неколку часа траеше гаснењето на пожар што избувна денес во подрумските простории на зградата на Општина Тетово. Пожарот почнал околу 15 часот и 15 минути, а е изгаснат за неколку часа од страна на пожарникари.

-Интервенирано беше со четири возила и 12 пожарникари, информираше Авни Амети, командир на Територијалната противпожарна единица Тетово.

Од огнот изгорел складиран изборен материјал од изминатите изборни процеси.

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново