Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изгубената планинарка утрово пронајдена на Шар Планина без знаци на живот

Седумдесет и двегодишна планинарка утрово била пронајдена на Шар Планина во реонот на Љуботен без знаци на живот, соопшти Центарот за управување со кризи.

Вчера бил примен повик за исчезната повозрасна планинарка на Шар Планина, по што била организирана потрага. Во потрагата, како што велат од ЦУК биле вклучени ренџери од НП „Шар Планина“, 12 специјалци од МВР, и пет полициски службеници од ПС Теарце.

Зачлени се на нашиот е-билтен