Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изгубени (модернистички) утопии – приказна за шетачката вечерва на МОТ

Организацијата „Факултет за работи што не се учат – ФРУ“ денес (16.11) ја отвора својата тродневна програма „Градот како сцена – приказна за шетачката“ во рамки на 48. издание на интернационалниот театарски фестивал МОТ.

Во 20:00, во киното во Железничка зграда (ул. Борка Талевски 26), Скопје, ќе се игра првиот чин од програмата насловен: Изгубени (модернистички) утопии – приказна за шетачката.

Кураторски и просторен концепт/сценски дизајн: Филип Јовановски

Драматуршки интервенции: Филип Јовановски и Викторија Илиоска

Автори и изведувачи: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска.

Оваа изведба во рамки на 48 МОТ е продолжение на истражувањето претставено во рамки на Националниот павилјон на Република Северна Македонија на 15. Прашкото квадриенале за перформанс дизајн и простор во 2023 година со наслов Градот како сцена: Изгубени (модернистички) утопии.

Автори: Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска. Куратори: Филип Јовановски и Ивана Васева.

Комесар: Русе Арсов | Продукциски тим: Ивана Самандова, Благица Петрова

Партнери: Младински културен центар – Скопје; Интернационален театарски фестивал МОТ.

Поддржувачи: Министерство за култура на Република Северна Македонија, Факултетот за драмски уметности – универзитетот „Св.Кирил и Методиј“-Скопје и проектот Активен ГРА(Д)/ѓани, финансиран од Европската унија.

Kраток концепт:

Трагите на модернистичката утопија на ново Скопје, замислена по разорниот земјотрес од 1963 година, сè уште живеат во градот, многу од нив напуштени, приватизирани или избришани, како „антички“ урнатини оставени во нашиот урбан и културен пејзаж. Градот, обновен со помош на југословенските и светските солидарни фондови, беше замислен како град на интернационализмот, што ја одразува општата политика на Југославија во тоа време – антифашистичка, антиколонијална, антиимперијалистичка и неврзана.

Скопје стана сцена за светската модернистичка бруталистичка архитектура, меѓу другото, а во градот влезе огромно количество знаење, кое долго време го обликуваше и еманципираше неговиот културен идентитет. Платформата „Градот како сцена“ има за цел да учи од градот како ресурс, од трагите на напуштената солидарност и преку ангажман со локалното население, да ја преиспита идејата за тоа како транснационалната солидарност може да го преобликува градот.

Како може – навидум изгубениот – град да се реконструира преку звук, движење, пристапност и законски права? На кого му припаѓа овој град? Фигурата на шетачката/ фланерката се појавува на сцената за да не покани да не бидеме пасивни набљудувачи или скитници во модерниот град, туку ангажирани дејствувачи во доцниот капиталистички град и да преминеме во самосвесност за урбаното искуство активна во грижа во повторното политизирање на заедничкото.

Преку делата на уметниците Алембик (Виктор Танасковски и Ива Дамјановски), Бесфорт Идризи, Викторија Илиоска и Анастасија Пандиловска, курирани во заедничка платформа од Ивана Васева и Филип Јовановски, а користејќи го нивниот метод на „читање згради“, овој проект го користи градот како текст за препрочитување историски настани, евоцирајќи ги (тектонските) поместувања, судирите и (само)експлоатациите во контрастот на локалните официјални и неофицијални истории. Зградите на Домот на АРМ и Албанскиот театар за деца и младинци во Скопје, локалната мермерна продукција од Прилеп и насилството на звуците создадени на/помеѓу овие места воведуваат платформа која (повторно) го измислува градот од перипетичкото искуство и отелотворувањето на деколонизирачката шетачка која го користи телото како место за учење, грижа и учество.

Преземете ја улогата на шетачката.

ФРУ/АКТО тим:

Кураторски и просторен концепт/сценски дизајн: Филип Јовановски

Соработници на сценски дизајн/просторен концепт, визуелен идентитет, програмска координација и креативна продукција/Креативен тим на платформата градот како сцена: Димитар Милев, Тамара Џерков, Мартина Пенева, Ивана Самандова

Продукција и програмска координација: Ивана Самандова

Стручна поддршка и соработка во развој на кураторскиот и просторен концепт/сценски дизајн: Борис Бакал, Миодраг Куч, Луна Шаломон

Кураторска поддршка: Ивана Васева

Финансии и продукциска координација: Благица Петрова

Графички дизајн и дел од тимот на креативна продукција: Фросина Станковска

Извршна продукција: Андреа Маркоска, Борис Василески, Риџет Ферати

Односи со јавност: Љубиша Арсиќ и Моника Стојановска

Сценска техника и изработка на сценографија: Иванчо Велков, Мартин Манев, Владо Димоски и Марјан Ѓеоргиев

Зачлени се на нашиот е-билтен