Кори, излечен алкохоличар, тврди дека постои еден јасен знак дека некој повеќе не пие „повремено“ – blackout, односно ситуација кога личноста не се сеќава што се случувало додека била пијана.
Опоравениот алкохоличар тврди дека постојат „три различни видови луѓе кои пијат“ и на социјалните мрежи се обидува да ги разбиe митовите за тоа како изгледа зависноста, пренесува Index.hr.
Кори Ворен од Мичиген вели дека со зависноста се борел од рана младост, а по неколку рехабилитации е трезен од 2011 година.
Редовно зборува за своето искуство, а во едно поново видео на YouTube детално објасни како тој ги разликува трите типа луѓе кои пијат алкохол.
Како татко кој претходно признал дека во времето на зависност „веќе во 10 часот наутро бил пијан“, тој објаснува како пиењето се разликува од човек до човек и кои се потенцијалните знаци на проблем. Еве како ги опишува типовите:
1. Друштвен алкохоличар
Кори вели дека друштвениот алкохоличар е „личност каква што сите би сакале да бидат“ – некој што може да испие едно, две или три пијалаци и без проблем да си замине дома.
Според него, таквата личност ги знае своите граници и најчесто пие само за време на викенд или во специјални прилики.
2. Алкохоличар кој бега од нешто
Вториот тип, како што го опишува Кори, изгледа како да има целосна контрола врз животот – семејство, работа, фотографии со насмевки, сè изгледа уредно.
Но, Кори тврди дека клучно е зошто таа личност пие: според него, тој тип посегнува по алкохол кога е тажен, осамен, му е досадно, е лут или дури кога е премногу среќен.
Алкохолот станува механизам за справување со емоциите, што, како што вели, е почеток на проблемот.
3. Зависник од алкохол
Кори нагласува дека овој тип не е нужно онаа слика што многумина ја имаат – личност која се буди и веднаш пие, завршува во болница или на рехабилитација.
Според неговото објаснување, зависникот веќе не пие за забава, туку затоа што има чувство дека алкохолот му е потребен за да функционира. Тоа не е слабост, вели тој, туку „алкохолот го презел мозокот“ и личноста мисли дека без него не може.
Кори наведува дека и самиот „со години“ живеел како зависник, без да биде свесен колку алкохолот има контрола над него.
Blackout – јасен знак дека нешто не е во ред
Кори тврди дека постои јасен знак дека некој веќе не пие „повремено“: blackout, ситуација кога личноста не се сеќава на делови од вечерта или цели настани додека била пијана.
Вели дека и самиот мислел дека тоа е нормален дел од излегувањата, но сега смета дека blackout не се случува затоа што некој еднаш испил премногу — туку затоа што толеранцијата е толку висока што личноста продолжува да пие далеку над границата што телото може да ја поднесе, а тоа ни не го забележува.

