Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Излезе од печат книгата “Стиховерзум” од авторот и поет Мирослав Трајковски

Во издание на Академска мисла од Скопје, излезе од печат најновото поетско дело со наслов “Стиховерзум” од Мирослав Трајковски.

Стихозбирката „Стиховерзум“ ја сочинуваат 41 песна, а дизајнот на корицата е на Андреј Лазаревски.

Проф. Д-р Моника Стојанова, како рецензент на книгата за новото дело на Трајковски пишува дека „од страниците на на новиот поетски запис ‘Стиховерзум’ од перото на авторот Мирослав Трајковски-Мики, извира поетска симфонија“.

Делото ќе биде претставено пред публиката и љубителите на пишаниот збор на промоцијата во сабота на 16 Март во 18.00 часот во просториите на Галеријата КО-РА во ЈУ Дом на културата “Кочо Рацин” во Скопје. Модератор на настанот е професор Елеонора Николовска.

Зачлени се на нашиот е-билтен