До 13:00 часот на вториот круг од локалните избори излезноста изнесува 19,96%, што е нијанса помалку од првиот круг во истиот термин (околу 20%). За Град Скопје одѕивот е 15,28%. Податоците се соопштени од Државната изборна комисија на прес-информација околу 14:45 часот.
Во Скопје најголем одзив има во Карпош (22,14%) и Центар (21,58%), а најнизок во Сарај (3,58%) и Чаир (5,34%). По општини, врвот држат Пробиштип (36,66%), Крушево (34,86%) и Лозово (34,54%), додека долниот дел од табелата го пополнуваат општините со традиционално послаб претпладневен одѕив.
ДИК наведува дека бројките се од обработени повеќе од 93% избирачки места на државно ниво (а за Скопје речиси 99%), што објаснува зошто различни медиуми во исто време објавија и 18,05% и 19,96% — во пракса се работи за разлика меѓу претходен и подоцнежен апдејт од истата институција.
Следува клучниот попладневен термин (17–19 часот), кога традиционално се скокнува одзивот. Резултатите и излезноста по општини ќе ги пренесуваме во живо, со првични неофицијални трендови по затворање на избирачките места.

