Во рамките на Вториот Фестивал на џез, ворлд и современа музика, вечер во 19 часот во Europe House во Велес ќе биде отворана изложба на Фотини Потамиа насловена Nered,music,label, а ќе има и концерт на Бојан Петков – Шамба.
На 13 септември во Europe House e затворање на изложбата и концерт на Dine Doneff и Јордан Костов со што ќе заврши програмата на годинашното издание на фестивалот.
За целокупниот графички дизајн на фестивалот и оваа година се погрижи уметникот Филип Коруновски.
Организатор на фестивалот е Арт Генератор под покровителство на Општина Велес.