Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Изложба во МНР по повод 30 години од зачленувањето во ОН

Во Министерството за надворешни работи денеска ќе биде отворена изложба по повод 30-тата годишнина од членството на Република Северна Македонија во Обединетите Нации. Настанот е во ко-организација со Државниот архив на Република Северна Македонија како и во соработка со Националниот координатор на ОН во Скопје.

Како што најави МНР, ќе присуствуваат претставници на дипломатскиот кор во Северна Македонија, како и на државните институции.

На 8 април во 1993 година со акламација во Генералното собрание на Обединетите нации, земјава беше примена за 181 полноправна членка на Светската организација, врз основа на резолуцијата 817 на Советот за безбедност на ОН од 7 април 1993 година.

Со тоа беше потврден нејзиниот меѓународно-правен субјективитет по изразената референдумска волја на македонските граѓани на 8 септември 1991 година за самостојна и независна држава.

Сепак, поради противењето и притисоците на Грција, зачленувањето во ОН не беше направено под тогашното уставно име Република Македонија туку под привремената референца Поранешна Југословенска Република Македонија.

Двете земји со посредство на ОН почнаа преговори за надминување на разликите околу името. По долгогодишниот спор, со посредство на ОН беше постигнат Преспанскиот договор што резултираше со промена на уставното име во Република Северна Македонија. Со тоа се отвори патот на земјата кон НАТО и ЕУ. (МИА)

Зачлени се на нашиот е-билтен