– Студентите од Белград, со поддршка на нивни колеги кои допатуваа од Нови Сад нешто пред пладне одбројуваа до истекот на рокот што го дадоа на Министерството за државна управа и локална самоуправа за да одговори на нивните барања, меѓу кои и увид во Избирачкиот список.
Почнувајќи од 11 часот, властите имаа рок еден час да одговорат на барањето.
– Барањето го поднесовме како совесни граѓани, а не како политички опции, здруженија или нешто слично, велат студентите кои бараат увид во избирачкиот список и имаат други барања поврзани со изборни нерегуларности.
Тие рекоа дека ќе го блокираат влезот и излезот од Министерството „додека не ја наполниме оваа улица“.
– Следната точка (за блокадата) ќе ја објавиме овде, на ист начин, кога ќе се соберат доволно луѓе да се поделат во две колони, а потоа секој ќе може да избере до која точка да оди“, велат студентите насобрани пред Министерството.
Претходно, група од 345 наставници и соработници на Универзитетот во Белград испратија поддршка за студентските протести.
„Кој краде избори, ја краде иднината. Фалсификување избирачки списоци, пријавување нелегални живеалишта и изборен инженеринг се скандалозен обид на властите уште еднаш да ни ја одземат државата, но овој пат многу повеќе – нашиот здрав разум и последните остатоци од самопочитување“, се наведува во соопштението упатено до медиумите.