Дипломатската изолација на Мицкоски се покажала во Давос, велат од СДСМ.
„Премиерот немаше ниту една средба со светски или европски лидер. Се снимаше по ходници и тераше туризам на сметка на граѓаните.
Единствена средба којшто ја одбележа неговата посета на Давос беше со сопственикот на унгарската 4iG, поврзана со режимот на Виктор Орбан.
Ова покажува колку Мицкоски му слгува на Орбан во ширењето на неговото политичко и бизнис влијание.
Во оваа насока е и последната одлука на Владата на Мицкоски за влез на компанија 4iG во телекомуникацискиот сектор.
Ова не е инвестициски успех туку политички проект за преземање контрола врз стратешки сектори како телекомуникациите и медиумите, создавајќи мрежа на авторитарни влијанија што го изолираат регионот од ЕУ“ се наведува во соопштението од СДСМ.
Оттаму додаваат дека Сопственици на провладините портали кои се дел од медиумскиот октопод Алфа-Алта во најголем дел се од Унгарија и директно поврзани со Орбан и дека СДСМ веќе два месеци предупредувала за планот на ВМРО за преземање контрола врз стратешките сектори и пред се во медиумите и тој план станува сè поочигледен.
„СДСМ повикува заштита на националните интереси од странски влијанија што ја загрозуваат независноста и европската иднина на Северна Македонија. Не смее да се дозволи нашата земја да стане дел од овој круг на корупција и авторитарност“ стои во соопштението од СДСМ.