Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел ги отфрли повиците за прекин на огнот пред Советот за безбедност на ОН

 Израел ги отфрли повиците за траен прекин на огнот во војната во Газа во Советот за безбедност на ОН, пренесе ДПА.

– Секој кој поддржува прекин на огнот во основа го поддржува постојаното владеење на терор на Хамас во Газа, изјави денеска израелскиот амбасадор во ОН Гилад Ердан пред најмоќното тело на ОН во Њујорк. Израел не може да ги заштити своите граѓани со прекин на огнот, додаде тој.

Не може да се бара прекин на огнот и во исто време да се тврди дека се бара решение за конфликтот, рече понатаму Ердан, истакнувајќи дека милитантниот Хамас не е партнер за сигурен мир.

– Хамас јавно изјави – сите го видовте – дека ќе го повторува 7 октомври повторно и повторно додека Израел не исчезне. Како вие ќе одговорите и ќе ги браните вашите граѓани од ваква јасна закана, со прекин на огнот? нагласи израелскиот амбасадор.

Ердан продолжи дека може да има крај на насилството само ако Хамас ги предаде сите свои заложници и сите кои учествувале во нападот врз Израел на 7 октомври. 

Треба да знаете
Moже да ве интересира