Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел го нападна Иран

Израелската армија синоќа го нападна Иран, а за време на нападите, кои траеја пет часа, мета биле 20 цели во таа земја, пренесе Ројтерс.

Серија експлозии се слушнаа во околината на Техеран веднаш откако израелската војска објави дека се водат напади врз воени цели во Иран како одмазда за нападот на Иран врз Израел на 1 октомври.

Во контролирана експлозија, израелската армија уништи залиха оружје… Иранската новинска агенција Тасним, блиска до Иранската револуционерна гарда, исто така објави за експлозиите.

Пред почетокот на нападот Белата куќа била информирана за акцијата на израелската армија. Властите во Техеран најавуваат одговор на израелскиот напад.

Висок претставник на американската администрација изјави за Ројтерс дека Израел нападнал воени локации во Иран како пропорционален одговор на претходните напади од Техеран, со мал ризик од цивилни жртви.

„Ова треба да биде крај на директната размена на оган меѓу двете земји“, рече американскиот функционер, истакнувајќи дека САД имаат повеќе директни и индиректни канали на комуникација со Иран за време на кои јасно ја кажаа својата позиција.

Иран утрово објави дека неговиот систем за противвоздушна одбрана успешно се спротивставил на израелските напади, но дека има „ограничена штета“ на одредени локации.

Иранската воздушна одбрана соопшти дека Израел нападнал воени цели во провинциите Техеран, Кузестан и Илам.

Израелскиот јавен сервис утринава објави дека операцијата против Иран е завршена по три бранови удари.

Зачлени се на нашиот е-билтен