Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел и Хамас постигнаа договор за пауза во борбите и за ослободување на заложници

 Израелскиот кабинет го одобри договорот за заложници со Хамас по повеќе од шест недели интензивни борби во Газа.

Во продолжение целосната изјава од кабинетот на израелскиот премиер:

„Владата на Израел е должна да ги врати дома сите заложници.

Вечерва Владата го одобри нацртот на првата фаза од постигнувањето на оваа цел, според која најмалку 50 заложници – жени и деца – ќе бидат ослободени во текот на четири дена, при што ќе има пауза во борбите.

Ослободувањето на секои дополнителни 10 заложници ќе резултира со по уште еден ден пауза.

Владата на Израел, ИДФ (израелската армија) и безбедносните служби ќе ја продолжат војната со цел да ги вратат дома сите заложници, да ја завршат елиминацијата на Хамас и да обезбедат дека нема да има нова закана за државата Израел од Газа“.

Зачлени се на нашиот е-билтен