– Израел тврди дека во денешниот воздушен напад во Либан е убиен Али Абед Аксан Наим, заменик командант на ракетните единици на Хезболах, а во исто време го изврши најсмртоносниот напад врз Сирија во последните неколку месеци.
Тел Авив соопшти дека Аксан Наим е одговорен за извршување и планирање ракетни напади врз израелски цивили.
Во најголемата ескалација на конфликтот меѓу Хезболах и Израел од 2006 година, десетина израелски војници и неколку цивили беа убиени во северен Израел, додека речиси 270 борци на Хезболах и 50 цивили, вклучувајќи болничари, цивили и новинари беа убиени во израелските напади во јужен Либан, тврдат локални организации.
Информациите не можат независно да бидат проверени.