Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел ќе се согласи 150.000 луѓе да се вратат во северниот дел на Газа ако се склучи договор

 Израел на преговорите за прекин на огнот во Газа во Египет, се согласи на отстапки во врска со враќањето на Палестинците на северот од енклавата, но верува дека исламистичката група Хамас не сака да постигне договор, изјавија денеска израелски официјални претставници.

Запознаени со ситуацијата тие рекоа дека по обновувањето на американскиот предлог за примирје, Израел ќе се согласи на враќање на 150.000 Палестинци во северниот дел на Газа без безбедносни проверки.

За возврат, велат тие, Хамас ќе мора да предаде список на жени, постари и болни заложници кои сè уште ги држат живи.

Кабинетот на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху одби да коментира.

Хамас вчера соопшти дека последниот предлог што го предложија египетските и катарските посредници не ги исполнува барањата, но дека дополнително ќе го проучи пред да одговори.

Проценката на Израел е дека Хамас сè уште не сака да постигне договор, изјавија двајцата израелски претставници.

Зачлени се на нашиот е-билтен