ВИДЕО: Израел ликвидираше висок ирански командант од единицата Кудс во западен Иран

Израелските одбранбени сили (ИДФ) изведоа прецизен напад во западен Иран, при што беше убиен Бехнам Шахријари – висок припадник на Иранската револуционерна гарда и член на елитната единица Кудс. Министерството за надворешни работи на Израел објави видео-снимка од операцијата, нагласувајќи ја неговата клучна улога во мрежата за снабдување со оружје на иранските сојузнички вооружени групи во регионот.

Шахријари, според израелските информации, бил одговорен за логистика и трансфер на оружје во вредност од стотици милиони долари годишно, но истовремено имал и оперативна улога. Тој наводно обезбедувал ресурси за групи што учествувале во напади врз израелски цели, со жртви меѓу цивили и воени лица. Нападот е изведен повеќе од 1.000 километри од израелската граница, што укажува на сериозно проширување на израелските операции во длабочината на иранската територија.

Зачлени се на нашиот е-билтен