Израелскиот министер за одбрана, Израел Кац, денеска најави дека Израел ќе ги засили нападите врз Хезболах во јужниот дел на Либан. Либанското Министерство за здравство соопшти дека во израелски воздушен напад вчера загинале четири лица.
„Обврската на либанската влада да го разоружа Хезболах и да го истера од јужниот Либан мора да се почитува целосно“, се наведува во соопштението на израелскиот министер.
Кац истакна дека проиранската група „игра со оган“ и дека „претседателот на Либан одолговлекува“.
„Строгото спроведување на мерките ќе продолжи и ќе се засили. Нема да толерираме никакви закани врз жителите на северниот дел на Израел“, изјави министерот за одбрана.

