Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел напаѓа позиции на Хезболах во јужен Либан, продолжува размената на огнот на границата

 – Престрелката меѓу израелските воени сили и либанските борци на границата продолжи и денеска, јави ДПА. Израелската војска соопшти дека нападнала локација каде дејствуваат борците на либанскиот Хезболах поддржани од Иран, како и друга „терористичка инфраструктура“.

Армијата соопшти дека во северните израелски населби се огласиле предупредувачки сирени за воздушен напад откако бил пресретмат ракетен истрел од јужен Либан.

Телевизискиот канал Ал-Манар управуван од Хезболах јави за израелското гранатирање во јужен Либан. Според првичните податоци, нема пријавени смртни случаи.

Од почетокот на војната меѓу Израел и палестинската група Хамас на 7 октомври, постојано има судири меѓу израелската армија и Хезболах. Конфликтот што избувна претставува најсериозна ескалација од израелско-либанската војна во 2006 година, забележува ДПА. 

Зачлени се на нашиот е-билтен