Израел негира дека предизвикал глад во Појасот Газа, тврди дека Хамас ја поттикнува кризата

Израелската влада денеска соопшти дека не е одговорна за хроничниот недостиг на храна во Појасот Газа и го обвини палестинското исламистичко движење Хамас дека намерно создава криза.

„Денес во Газа нема глад предизвикан од Израел“, рече портпаролот на владата Давид Менсер, откако повеќе од 100 невладини организации предупредија на широко распространет глад на палестинската територија, повикувајќи го Израел да ја ослободи хуманитарната помош.

„Тоа е недостиг предизвикан од Хамас“, додаде Менсер, обвинувајќи го движењето дека ја спречува дистрибуцијата на храна и ја ограбува помошта за сопствени потреби. 

Зачлени се на нашиот е-билтен