– Израелските одбранбени сили (ИДФ) соопштија денеска дека со воздушни напади одговориле на нападите на Хезболах од Либан.
ИДФ во соопштение наведува дека голем број локации на Хезболах, лоцирани на југот на Либан, биле нападнати од воздух и со артилерија, а од кои бил гаѓан северот на Израел.
Се додава дека била погодена инфраструктурата што и припаѓа на таа терористичка група, пишува „Тајмс оф Израел“.