Израел отвора граничен премин и ја зголемува хуманитарната помош за Газа

Израел денес ќе дозволи отворање на преминот Рафах кон Газа, со што ќе се зголеми количината на хуманитарна помош во енклавата, објави јавниот телевизиски сервис Кан, откако Хамас предаде уште тела на починати заложници.

Со одобрение на израелските безбедносни служби, жителите на Газа кои ја напуштиле енклавата за време на конфликтот ќе можат првпат да се вратат, додека останатите ќе имаат дозвола за премин преку границата во Рафах.

Преку овој премин ќе влезат околу 600 камиони со храна, медицински материјали и опрема за поправка на оштетената инфраструктура.

Израел претходно закани дека преминот ќе остане затворен поради неизвршување на обврските од страна на Хамас за примирје и предавање на телата на убиените заложници. Неколку часа подоцна, преку Меѓународниот комитет на Црвениот крст, Хамас предаде четири ковчези на Израел. Три се идентификувани како израелски заложници, а за четвртиот има сомнежи.

Зачлени се на нашиот е-билтен