Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел погоди команден центар на „Исламски џихад“ пред болницата Ал Акса

Израелските одбранбени сили (ИДФ) денеска соопштија дека извршиле воздушен напад врз командниот центар управуван од вооружената група „Исламски џихад“ во дворот на болницата Ал Акса во градот Деир ал Балах во централниот дел на Појасот Газа и дека болницата не е оштетена, ниту е нарушено нејзиното функционирање.

Според ИДФ, оперативци на „Исламски џихад“ биле во командната соба кога центарот бил погоден, пренесува „Тајмс оф Израел“.

ИДФ наведува дека командниот центар и терористите биле прецизно погодени со цел да се минимизираат можните повреди на цивили и оштетување на цивилни објекти.

Израел вели дека Хамас и другите милитантни групи ги користат болниците во Појасот Газа како бази и објави видеа и фотографии за да ги поткрепат тврдењата.

Хамас и медицинскиот персонал ги негираат тврдењата. 

Зачлени се на нашиот е-билтен