Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израел потврди дека е убиен Хашем Сафиедин, наследник на лидерот на Хезболах

Израелската армија синоќа потврди дека е убиен Хашем Сафиедин, очекуваниот наследник на лидерот на Хезболах, Хасан Насралах.

Според армискиот извештај, тој бил убиен во воздушен напад врз Бејрут на почетокот на октомври.

„Сега можеме да потврдиме дека Хашем Сафиедин, водачот на Извршниот совет на терористичката организација Хезболах, е убиен во напад пред околу три недели“ во јужните предградија на Бејрут, објави армијата.

Водачот на Хезболах, Хасан Насралах беше убиен кон крајот на септември во израелски воздушен напад врз подземниот штаб на Хезболах во јужното предградие Дахија во Бејрут. 

Зачлени се на нашиот е-билтен

Најново