Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелската армија негира дека знаела за плановите на Хамас

Израелската армија денеска соопшти дека не е точно оти знаела за планот на палестинската група Хамас за преминување на границата и за напад на југот на земјата, на 7 октомври.

Весникот „Њујорк тајмс“ во петокот објави разузнавачки извештај во кој се наведува дека израелската армија знаела за планот на Хамас една година пред да биде извршен нападот.

Весникот наведува дека Ерусалим ја добил информацијата на брифинг од разузнавачки аналитичари, но дека израелската војска планот на Хамас го оценила како „неоснован“.

„Смешно е да се обидуваш да промовираш каква било теорија на заговор. Категорично отфрлам каква било можност дека тоа било така“, напиша потполковникот Џонатан Конрикус од Израелските одбранбени сили (ИДФ) на социјалната мрежа Х.

Тој, исто така, призна дека „ИДФ не успеа да го обезбеди тоа што требаше да го направи- заштита и безбедност за Израелците .

Конрикус најави дека армијата ќе преземе „сеопфатен“ преглед на пропустите откако Хамас ќе биде поразен.

Поврзано:

„Њујорк Тајмс“: Израелските власти знаеле за планот за напад на Хамас една година порано

Извор(Фронтлајн)

Зачлени се на нашиот е-билтен