Израелската армија ги презеде првите чекори во својата операција за воспоставување контрола врз градот Газа, објави нејзиниот портпарол, бригаден генерал Ефи Дефрин.
Порано денеска, министерот за одбрана Израел Кац ја одобри операцијата во која планирано е да се мобилизираат 60.000 резервисти и да се продолжи службата на 20.000 војници.
„Почнавме со прелиминарни операции и првите фази од нападот врз Газа, а израелските вооружени сили веќе ги држат перифериите“ на најголемиот град во истоимениот појас, изјави вечерва генералот Дефрин. Тој го опиша Хамас како „герилско движење“ кое претрпе тешки удари.