Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелската делегација пристигна во Каиро на нова рунда преговори за можна размена на заложници

Израелска делегација слета денеска во Каиро на нова рунда преговори со Египет за можна размена на заложници кои ги држи Хамас за палестински затвореници во Израел, изјави неименуван египетски функционер.

Египет, Катар и САД беа посредници меѓу Израел и Хамас, објави Тајмс оф Израел.

Се верува дека 132 заложници киднапирани од Хамас на 7 октомври се во Газа и дека не сите од нив се живи, откако 105 цивили беа ослободени од заробеништво на Хамас за време на еднонеделниот прекин на огнот кон крајот на ноември.

Пред тоа, четворица заложници беа ослободени, а еден беше спасен од војниците. Пронајдени се и телата на осум заложници, а тројца заложници беа убиени по грешка од армијата.

Израелските одбранбени сили ја потврдија смртта на 25 лица кои сè уште ги држи Хамас, повикувајќи се на нови разузнавачки информации и наоди на војниците кои дејствуваат во Газа.

Се очекува американскиот државен секретар Ентони Блинкен кој викендов имаше средби со лидерите на Блискиот Исток, утре да биде во Каиро.

Египетски официјален претставник рече дека Египет и Катар се обидуваат да добијат слобода за цивилите, заложниците кои ги држат Хамас и другите терористички групи во замена за прекин на огнот и ослободување на дополнителни палестински затвореници од страна на Израел.

Освен цивили, Хамас и други групи држат и израелски војници.

Хамас продолжува да инсистира на прекин на војната пред да може да преговара за ослободување на другите заложници, барање што Израел категорично го отфрли.

– Тие (Израел) никогаш нема да ги вратат своите заложници доколку не бидат ослободени сите наши затвореници во окупациските затвори, изјави вчера во Катар шефот на Хамас, Исмаил Ханије

Зачлени се на нашиот е-билтен