Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелски министер за одбрана: Денешниот ракетен напад врз Сафед значи војна

Израелскиот министер за национална безбедност Итамар Бен Гвир изјави дека денешниот ракетен напад врз базата на седиштето на Северната команда во градот Сафед на северот на земјата значи војна.

„Ова не е капка (ракети), тоа е војна. Време е да се остави зад себе „концепцијата“ и на север, напиша Бен Гвир на Х.

Како што пренесува „Тајмс оф Израел“ повикувајќи се на Канал 12, тој побарал итна средба со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху за да се разговара за ескалацијата на насилството на северот на земјата.

Израелскиот опозициски политичар Авигдор Либерман исто така повика на остар одговор на Израел на нападот врз Сафед.

– Црвената линија се претвори во бело знаме. Воениот кабинет му попушти на Хезболах и го загуби северот“, напиша Либерман Х.

Едно лице загина, а осуммина беа повредени во ракетен напад што денеска беше извршен од правец на Либан кон северот на Израел, а за кој постои сомнеж дека го извршиле милитанти на Хезболах, соопшти претходно израелската здравствена служба Маген Давид Адом.

Зачлени се на нашиот е-билтен