Најмалку 14 ирански нуклеарни научници се убиени во израелски напади во петокот, вклучувајќи и напади со автомобил-бомби, објави Ројтерс повикувајќи се на два независни извори запознаени со случајот.
Израел, кој не е потписник на Договорот за неширење на нуклеарно оружје (NPT), веќе долго време отворено изјавува дека ќе преземе сè што е потребно за да го спречи Иран во развојот на атомско оружје. Иако официјалниот Тел Авив не ја презема одговорноста за нападите, изворите наведуваат дека се работи за координирана операција насочена кон стратешки фигури во иранската нуклеарна програма.
Во меѓувреме, Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) усвои резолуција во четвртокот со која го обвини Иран за прекршување на обврските преземени со пристапувањето кон NPT. Во извештајот се наведува дека Иран не соработува доволно со инспекторите и не обезбедува транспарентност во дел од своите нуклеарни активности.
И покрај тоа што Израел никогаш официјално не потврдил дека поседува нуклеарно оружје, IAEA наведува дека постојат силни индикации оти земјата располага со нуклеарен арсенал, што дополнително ја усложнува регионалната безбедносна состојба.