Search
Close this search box.
Search
Close this search box.

Израелскиот Висок суд го одложи спроведувањето на законот со кој се отежнува импичментот против премиерот Нетанјаху

Со шест наспроти поет гласа на судиите израелскиот Висок суд одлучи да го одложи спроведувањето на законот за импичмент, усвоен во март, што го штити премиерот Бенјамин Нетанјаху од наредбата на јавниот обвинител или од Високиот суд да се повлече од функцијата.

Судот одлучи дека законот ќе стапи на сила на почетокот на следниот мандат на Кнесет, по следните избори, пишува „Тајмс оф Изрзаел“, пренесув МИА.

Иако не го брише, судот во својата одлука наведува дека законот за изземање или дисквалификација е „очигледно лична измена“ на Основниот закон за владата.

Целта на Законот за изземање е да спречи ситуација во која државниот обвинител би можел да го обвини Нетанјаху за конфликт на интереси како премиер кога се занимава со контроверзните владини закони за судска ревизија и да му нареди да се повлече.

Владините контролни групи наведуваат дека судската ревизија може да влијае врз тековното судење за корупција против Нетанјаху.

Зачлени се на нашиот е-билтен