Од јануари 2024 до јули 2025 година 279 израелски војници се обиделе да си го одземат животот, се наведува во најновиот извештај на Кнесетот.
Во извештајот се посочува дека на секој војник кој извршил самоубиство регистрирани се дополнителни седум обиди.
Во извештајот се опфатени само активните припадници на армијата кои извршиле или се обиделе да се самоубијат, а не се вклучени ветераните кои си го одзеле животот по завршувањето на воената служба.
